Се одигра претпоследното, 37-мо коло од шпанската Ла Лига и беше возбудливо да се следат настаните и промените во сите 10 натпревари што се одиграа во терминот од 19 часот.
Најголемото изненадување, секако, е поразот на Барселона. Новиот шампион загуби на домашен терен од Виљареал со 2:3.
Барса, освојувач на „тројната круна“ во Шпанија оваа сезона, во славеничка атмосфера влезе во натпреварот.
Виљареал, поведе со голот на Перез, а до крајот на полувремето Барселона направи пресврт со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопез.
Сепак, во второто полувреме, „жолтата подморница“, одговори на идентичен начин, дојде до победата со головите на Санти Комесања во 51-та минута и Бјукенен во 80-та минута.
Реал ја победи Севилја во Андалузија со 2:0. Реал се мачеше и славеше дури откако Севилја остана со двајца помалку на теренот. Баде поцрвене веќе во 12-та, а потоа и Ромеро во 46-та. Инаку, Ромеро на теренот влезе по паузата меѓу двете полувремиња.
Реал триумфираше со голотвите на Килијан Мбапе во 75-та и Џуд Белингем во 87-та минута.
Третото место на табелата го потврди Атлетико Мадрид со убедлива победа над Бетис со 4:1.
Хулијан Алварез го отвори резултатото со фантастичен гол од слободен удар. Аргентинецот од 29 метри ја скина „пајажината“ од голот на Адан. До рајот на полувремето деби голот за Атлетико го постигна Робин Ле Норман.
Бетис намали во вториот дел, брилијантен гол со ножички постигна Пабло Форналс. До крајот Алварез со својот втор гол и Кореа со последниот гол во кариерата пред домашните навивачи ставија точка на натпреварот. Анхел Кореа ќе го напушти Атлетико.
Покрај Барселона, Реал, Атлетико и Виљареал, наредната сезона во Лигата на шампионите ќе игра и Атлетик Билбао. Баските славеа со 1:0 на гостувањето во Валенсија.
Во последното коло ќе има интересна борба за седмото и осмото место, кои моментално ги заземаат Селта и Рајо Ваљекано. Вечерва Рајо победи во Виго со 2.1.
Иако домашните поведоа во 10-тата минута со голот на Алонсо од пенал, Палазон во 17-тата и Де Фрутос во судиското продолжение направија пресврт до крајот на првото полувреме.
Деветтопласираната Осасуна, која вечерва го победи Еспањол со 2:0, се бори за место во Европа.
Токму Еспањол (39 бода) заедно со Леганес (37) бода ќе стравуваат за опстанок во последното коло, иако пречекуваат два отпишани клуба.
Каталонците ќе му бидат домаќини на претпоследниот Лас Палмас, додека Леганес ќе го пречека последнопласираниот Ваљадолид.