Top Sport

Отфрлени обвинувањата против организаторите на СП во Грманија

Германскиот суд ги отфрли обвинувањата за даночно затајување од страна на тројцата поранешни челници на Фудбалскиот сојуз на Германија, кои беа дел од организацискиот одбор на Светското првенство кое во оваа земја се одржа во 2006 година.

Обвинувањата против Тео Цвенцингер, Вофганг Нирсбах и Хорст Шмит биле поврзани со исплатите кон ФИФА. Наводно тие тројца поднеле неточен даночен извештај за Фудбалскиот сојуз на Германија.

Новинската агенција ДПА објави дека судот ги отфрлил обвинувањата. Обвинителите имаат една недела за да ја обжалат одлуката на судот.

Наводите за даночни затајувања ги истражуваа и швајцарското обвинителство, односно комитетот за етика на ФИФА.

Scroll to Top