Фудбалски клуб Лестер испадна од Премиер лигата, а сега се соочува со уште еден проблем. Клубот е под истрага на независна комисија.
Англиската Премиер лига го упати Лестер до независна комисија поради наводно кршење на финансиските правила на Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) за време на сезоната 2023/24, кога клубот играше во Чемпионшип, објави Би-Би-Си.
Арбитражното тело, исто така, потврди дека Премиер лигата нема надлежност да го казни Лестер за кршење на правилата за профит и одржливост во сезоната 2022/23, бидејќи клубот испадна од елитниот ранг на крајот од таа сезона.
Сепак, истото тело пресуди дека Премиер лигата има овластувања да истражува потенцијални прекршувања на правилата на EФЛ во текот на сезоната 2023/24.
Независната комисија ќе истражи и две други наводни прекршувања на правилата од страна на Лестер: ненавременото поднесување на финансиски извештаи до Премиер лигата (31 декември 2024 година), како и недоволната и несоодветна соработка со лигата за време на истрагата.
„Клубот има намера целосно и кооперативно да соработува во овој процес, сега кога е потврдена надлежноста на Премиер лигата за пресметковниот период што завршува со финансиската 2024 година“, се вели во соопштението на Лестер.