Top Sport

Роналдињо има свој фаворит за Златната топка

Поранешниот освојувач на Златната топка, Роналдињо, во интервју за „Марка“ зборуваше за Ламин Јамал, 17-годишната ѕвезда на Барселона.

„Меси и јас веќе испишавме историја, а сега е ред истото да го стори и Ламин Јамал. Неверојатно е што покажа досега.

Тој е толку млад и има толку многу талент. Сакам да гледам играчи како него, тие прават добро за фудбалот. Се надевам дека ќе има кариера каква што имавме јас и Меси. Никогаш не ми се допаѓале ваквите споредби бидејќи секој играч има свој стил на игра.

Важно е Ламин Јамал да им донесе радост на луѓето, како што правев јас во мое време или Меси по мене. Се надевам дека ќе продолжи со темпо како што оди досега“, рече Бразилецот и дополни.

„Ламин Јамал е на работ да ја освои Златната топка. Има и други одлични играчи во светот, но тој припаѓа на таа елита. Изненадување е што е толку млад, но би можел да влезе во историјата и да ја освои не само еднаш, туку повеќе од еднаш.“

Јамал ја освои Ла Лига оваа сезона, а на 54 натпревари за Барселона има 18 гола и 25 асистенции. Роналдињо ја освои Златната топка во 2005 година како играч на Барселона.

Конечно, тој коментираше за назначувањето на Карло Анчелоти за селектор на Бразил:

„Го познавам добро и мислам дека тоа е добра одлука од страна на бразилската федерација. Како Бразилец, ми е мило и се надевам дека ќе заврши одлична работа и ќе го освои следното Светско првенство.“

Scroll to Top