Top Sport

(Видео) Срам за УЕФА, клучните играчи на Тотенхем не добија медали

Гаф каков што ретко се случува го обележа крајот на финалениот натпревар во Лига Европа. Во Билбао, Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 1:0.

Тотенхем го освои првиот трофеј по 18 години, играчите и навивачите бурно го прославија историскиот триумф, но тој беше расипан од организаторот на натпреварувањето во кое победија.

Играчите и членовите на тренерскиот штаб на Тотенхем стоеја во ред за да ги добијат медалите наменети за победниците од Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.

Словенецот ги подели, но кога дојде редот на Сон Хеунг Мин, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур, тој остана без медали.

На тој начин, тројца клучни играчи на Спарс не ги добиа своите признанија. Чеферин, гледајќи дека нема медали за триото на Спарс, разговараше со луѓето од протоколот, но УЕФА очигледно немаше доволно медали за победниците, па капитените Сон и Ромеро, односно Бентанкур мораа да се задоволат со ракување со Чеферин.

Англиските медиуми пишуваа за ова како за голем срам за УЕФА. Тие истакнуваат колку е неверојатно што дури осум судии и Џејмс Медисон, кој не играше ниту една минута, добија медали за својот настап во финалето, но капитените на Тотенхем, Сон и, Ромеро ( официјално најдобриот играч на финалето) и Бентанкур, уште еден играч кој одигра одличен натпревар, останаа без нив.

Сон подоцна го крена трофејот во одлично расположение, но без медал околу вратот. Се очекува УЕФА да се поправи за оваа грешка и да му испрати медали на Тотенхем за играчите што не ги добија синоќа во Билбао.

UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer

Scroll to Top