Top Sport

Гарначо: Сезонава никого не победивме

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, го кажа она што секој навивач на „црвените ѓаволи“ го мисли по сезоната 2024/2025.

Поразот во финалето на Лига Европа од Тотенхем (0:1) беше печат на катастрофалната сезона на клубот од „Олд Трафорд“, веројатно најлошата во последните 50 години.

Тимот ја завршува Премиер лигата веднаш над екипите што испаднаа од лигата, загубија во две финалиња, Комјунити Шилд и Лига Европа, нема да играат во европските натпреварувања следната сезона…

„Јасно е дека е тешко за сите нас по оваа сезона, која беше навистина ужасна, и сега, и по поразот во Комјунити Шилд (на пенали против Сити). Не победивме никого“, искрен беше Гарначо.

Тој не беше задоволен од одиграните минути во финалето, на теренот се најде во последните 20 минути…

„До финалето, играв секое коло, му помагав на тимот. Денес, играв 20 минути… Не знам…“

Во моментов, Аргентинецот не знае дали ќе биде во клубот следната сезона. Тој вели дека недостатокот на минути во финалето нема да влијае на конечната одлука.

Scroll to Top