Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе биде во главниот град на Шпанија.
Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи.
„Возбудени сме што Европското првенство во 2029 година ќе се одржи на некои од најдобрите европски кошаркарски дестинации, од кои секоја има силна кошаркарска култура и јасна посветеност на обезбедување извонреден настан. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со земјите домаќини за да обезбедиме успешен и незаборавен турнир за тимовите, навивачите и партнерите“, рече претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса.
Европското првенство оваа година ќе се одржи во Латвија, Полска, Финска и Кипар од 27 август до 14 септември.