Top Sport

Тен Хаг ќе го преземе Баер Леверкузен

Ерик тен Хаг најверојатно ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Според германските медиуми, челниците на „фармацевтите“ се во завршни преговори со холандскиот стручњакт, со кого ќе биде потпишан петгодишен договор.

Поранешниот тренер на Ајакс и Манчестер јунајтед се најде во центарот на вниманието откако Комо одби три понуди за Сеск Фабрегас.

Според германските медиуми, Руди Фелер имал голема заслуга за преговорите со Тен Хаг, бидејќи преку неговите пријатели стигнал до холандскиот стручњак и му ги претставил плановите на Леверкузен за следната година, што веднаш го привлекло тренерот да ја прифати понудата.

Потоа клубот и тренерот одржале состаноци, најпрвин во Холандија, а потоа и во Келн, по што бил постигнат договор. Многу германски медиуми тврдат дека сето ова треба да се официјализира во следните неколку дена.

Тен Хаг добил гаранции дека ќе има влијание врз клупската трансфер политика, бидејќи тимот треба да се освежи и да ги надомести заминувањата на Тах и Фримпонг и најавеното заминување на најдобриот играч Флоријан Вирц.

Scroll to Top