Top Sport

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат 20 екипи.

Клучениот состанок на челниците на Евролигата се одржа во Абу Даби пред почетокот на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Најголемата вест е дека сезоната 2025/26 ќе има дури 38 кола, во тој распоред се планирани 10 двојни рунди.

Уште поважна одлука се однесува на календарот на меѓународните натпреварувања, играчите од Евролигата нема да можат да настапуваат за националните тимови во квалификациите за Светското првенство во текот на сезоната.

Кога станува збор за учесници, Евролигата ќе има три нови клуба почнувајќи од следната сезона:

Дубаи (првиот тим од Обединетите Арапски Емирати),

Хапоел Тел Авив (освојувач на Еврокупот),

Валенсија, која се враќа по паузата.

Од друга страна, Алба од Берлин се повлече од Евролигата и одлучи да игра во Лигата на шампионите на ФИБА.

Евролигата во сезоната 2025/26. ќе бидат составени од следниве тимови:

Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Дубаи, Барселона, Баерн, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис.

Scroll to Top