Герет Бејл, вечерва нема да биде во составот на Велс на натпреварот против Република Ирска. Поради повреда на препоните, најдобриот Велшанец, веќе се вратил во Мадрид.
29-годишниот крилен напаѓач, со оваа повреда се здоби минатиот месец на градското дерби со Атлетико. Дербито тој го напушти по истекот на првиот дел, а иако настапи за Реал на наредниот меч против Алавес, тој сепак не е доволно подготвен.
„Бејл се врати во Мадрид, тој нема да биде во Даблин со нашата репрезентација“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Велс.
Велс, во првото коло во Лигата на Нации славеше над Република ирска 4:1, а во второто загуби во Данска 2:0.