Top Sport

(Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби.

Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето.

Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално да ги напаѓа.

Потоа тој ги нападнал и водечките луѓе на Еверолигата, Дејан Бодирог и Паулиус Мотиејунас, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.

Сопственикот на ПАО мораше да го напушти своето место крај теренот и го гледаше дуелот од тунелот, односно од зад вратата низ која се влегува во салата.

Инаку неговиот тим не успеа да влезе во финалето. Фенербахче го порази Панатинаикос со 82:76.

Scroll to Top