Монако ќе му биде противник на Фенербахче во борбата за титулата во кошаркарската Евролига. Монако, во второто полуфинале на завшрниот турнир во Абу Даби, го победи Олимпијакос 78:68 (17:17, 18:15, 22:19, 21:17).
Олимпијакос тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, не успеа да стигне до финалето. Ниту еднаш во историјата на Евролигата, откако се игра во овој формат со завршен турнир, од 2016/2017 година, најдобриот тим од регуларниот дел не успеал да дојде до титулата.
Монако го надигра Олимпијакос и се пласира во првото финале во клупската историја. Во второто полувреме Монако одигра брилијантно, особено во вториот дел од третата четвртина, кога дојде до разлика од 13 поени.
Алфа Диало го предводеше Монако со 22 поени и шест скока, Мајк Џејмс имаше 17 поени и по седум скока и асистенции. Двоцифрени беа и Мамаду Жите со 11 поени и шест скока, односно Џером Блосингејм со 12 поени.
Кај Олимпијакос потфрлија сите, со исклучок на Еван Фурние. Францускиот репрезентативец постигна 31 поен. Двоцифренен беше уште само Најџел Вилијамс-Гос со 12 поени. Најдобриот играч на Олимпијакос Саша Везенков постигна скромни седум поени.
Финалниот натпревар ќе се одигра в недела од 19 часот.