Top Sport

(Видео) Нереални слики – Неапол „гори“

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25.

Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0.

Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал.

Преостанатите навивачи го окупираа централниот градски плоштад и всушност сите пори на градот од каде што го гледаа натпреварот, поради што целиот Неапол застана, а по последниот свиреж почна да „гори“.

Неверојатни сцени на прослава можат да се видат на улиците на Неапол, трофејот е обележан со факели и огномет.

Scroll to Top