Top Sport

Слот му одговори на Деко: И јас ги сакам Јамал ​​и Рафиња

Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз.

Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд.

„Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко за каталонската радио станица „РАК 1“.

Тренерот на Ливерпул експресно реаираше на оваа изјава.

„Секој клуб ги прави работите на свој начин. Веќе сте навикнати на фактот дека не зборувам за други играчи што не сме ги потпишале. Разбирам, тој е голем обожавател на Луис Дијаз. И јас сум фан на Дијаз. На Деко му се допаѓаат некои играчи. И мене. Ми се допаѓаат Јамал и Рафиња“, рече Слот.

Барселона ја освои титулата во Шпанија, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија оваа сезона, но не успеа да ја оствари целта во Лигата на шампионите. Затоа, Деко ќе мора да работи на тимот за следната сезона, а очигледно нема да има соработка со холандскиот тренер.

Scroll to Top