Нова тренерска ера во Реал започна, Чаби Алонсо официјално го презеде кормилото од Карло Анчелоти.
Последните 24 часа во Реал беа бурни и емотивни, Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукаш Васкез се збогуваа со клубот, испраќањето беше величествено, како што им доликува на имиња кои дале толку многу на клубот…
Веќе еден ден подоцна, време е за нови предизвици, нови имиња. Реал во неделата објави дека Алонсо потпишал тригодишен договор. Перфекционистот пристигна.
Алонсо ќе го преземе тимот на 1 јуни, а своето деби на клупата на Реал ќе го има против Ал-Хилал на почетокот од клупското светско првенство на 18 јуни.
На првиот тренинг ќе го чекаат две нови имиња во тимот, Дин Хујсен (Борнмут) и Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), а многу веројатно и трето, Алваро Карерас (Бенфика), за чиј трансфер клубот одлучува овие денови.