Top Sport

(Видео) Капитенот на Фенер му дозволи на Гудуриќ да го подигне трофејот

Капитенот на Фенербахче, Мелих Махмутоглу, му препушти на Марко Гудуриќ да го подигне трофејот наменет за осовојувачот на Евролигата. Фенербахче во финалето на завршниот турнир, во Абу Даби го победи Монако (81:70).

Во моментот кога капитенот требаше да истапи напред за да му биде врачен трофејот, имаше кратка пауза, како да не беше однапред договорено кој треба да го стори тоа.

На крајот, Махмутоглу истапи напред во цивилна облека и го прифати трофејот, но не го крена.

Бидејќи не играше на завршниот турнир, Махмутоглу одлучи да го покани Гудуриќ да го подигне трофејот.

Гудуриќ одигра одличен натпревар во финалето, во вториот дел постигна 17 од своите 19 поени.

Scroll to Top