Додека Аргентина вечерва во јужноамериканското „класико“ го пречекува Бразил во Саудиска Арабија, првата аргентинска фудбалска ѕвезда, Лео Меси паузата од репрезентацијата ја искористи за да помине време со своето семејство.
Очигледно критиките на Диего Марадона и на други поранешни аргентински фудбалери и тренери не му пречат на Меси, откако тој сподели фотографии со различни членови на неговото потесно семејство во пријатна есенска атмосфера во Шпанија.
Прво тој се пофали со фотографија со својата сопруга, Антонела Рокуцo, а потоа со својата внука Морена и својот братучед Емануел Бјанкучи, кој неодамна го бранеше од обвинувањата од страна на Марадона.
Аргентинецот исто така се пофали со фотографија на целото семејство на маса во ресторан во Ливија во Каталонија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram