Top Sport

Фетел нема никаков „директен контакт“ со Луис Хамилтон

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел признава дека нема никаков „директен контакт“ со својот најголем ривал, светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон и дека единствено се сретнуваат накратко на прес-конференциите и на подиумите по трките.

Фетел и Хамилтон последните две сезони се главните конкуренти за титулата, но и оваа година исто како лани, Британецот се одвои по летната пауза, а му помогнаа и стратешките грешки на Ферари и грешките на Фетел на патеката, за да е многу блиску до петтата титула.

Иако се веруваше дека двајцата не се ривали и надвор од патеката, Фетел објаснува дека тие не се ниту пријатели, бидејќи имаат малку контакт освен на професионално поле, така што „менталните игри“ се бесцелни.

„Ако се видиме, тоа е накратко на прес-конференција или со малку среќа на подиумот. Немаме директен контакт. Зборовите како ’немаш муда’ или ’денеска беше срање’ веќе не се можни бидејќи секој збор се мери детално“, објаснува Фетел.

По критиките, посебно од Италија по уште една неуспешна сезона за Скудерија, Фетел вели дека е важно да се блокираат негативните коментари и дека со тоа се справува со помислата зошто почнал со тркањето.

„Секако, притисокот не е забавен. Но, не постои секогаш, како што мислат луѓето надвор од Ф1. Искрено, возиш за себе и за тие кои ти помогнале да бидеш тука. Ми помага еден принцип – никој не е толку добар, ниту толку лош како што велат. Секогаш сакам да се потсетам на тоа што ме донесе во тркањет – ентузијазмот и радоста што се тркаш“, додава Фетел.

Scroll to Top