Top Sport

Сензација во Париз, елиминиран Медведев

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби со 3-2 во сетови од Камерон Нори во првото коло на Ролан Гарос.

Британецот Нори, кој пред пет дена загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Женева, ја приреди првата голема сензација на Ролан Гарос. Елиминација на еден од најдобрите тенисери на планетата, Данил Медведев е сензација и покрај тоа што најмалку сака да игра на земјена подлога. Инаку, во проектираното осминафинале Медведев требаше да игра против Ѓоковиќ.

Медведев добро го започна првиот сет поведе со 3:2, по што следеше неочекувана реакција и пресврт од страна на Нори за 7:5 по 54 минути игра.

Нори беше одличен и во следниот сет, лесно стигна до два брејка и предност од 4:0 за да го добие вториот сет со резултат од 6:3 и да го фрли Медведев на колена.

Данил на 0:2, одби да се предаде. Во третиот сет беше виден медицински тајм-аут, но и остар одговор од Медведев, кој со брејк стигна до 6:4 и го доби сетот. Во четвртиот сет Медведев го декласира противникот, му препушти само еден гем и изедначи на 2:2.

Клучот, четвртиот сет, му припаѓаше на Русинот. Медведев му дозволи на Нори само еден гем и сè заврши за само 23 минути игра, добивајќи го петтиот сет со резултат од 6:1.

Решаваќкиот сет одлично започна за Медведев, направи брејк дојде до 3:1, бргу и до 5:3 и потоа се самоуништи.

Нори прави брејк во десеттиот гем изедначи на 5:5, а кога го доби и третиот гем по ред поведе со 6.5.

Во последниот гем, Британецот го направи брејк и го елиминираше Данил Медведев.

Неговиот следен противник е Федерико Аугустин Гомес, „среќен губитник“ кој го победи Алекс Ковачевиќ во првото коло.

Во понеделникот, Гомес тренираше со Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

Scroll to Top