Top Sport

Аморим пред тимот му порачал на Гарначо: Моли се да најдеш клуб кој ќе сака да те купи

Рубен Аморим го извести Манчестер јунајтед дека ќе остане менаџер и следната сезона и во исто време му порача на Алехандро Гарнача да бара нов клуб.

По поразот од Тотенхем, минатата среда, во финалето на Лига Европа, Португалецот понуди да го напушти клубот бесплатно доколку одборот или навивачите повеќе не веруваат дека тој е вистинскиот човек за тренерската функција.

Сепак, тој постојано повторуваше дека нема намера да поднесе оставка, и покрај тоа што Јунајтед се соочува со најлошиот пласман во Премиер лигата во историјата на клубот.

Според извори блиски до клубот, Аморим ги информирал играчите за своите планови на состанок на тренинг-центарот Карингтон во саботата. Одлуката дека Гарначо нема место во тимот за наредната сезона, Аморим на Аргентинецот му ја соопштил пред целиот тим со овие зборови: „Моли се да најдеш клуб кој ќе сака да те купи.“

Клубот не сакаше да коментира за настаните во соблекувалната, наведувајќи дека ваквите прашања се третираат како интерни.

По финалето во Билбао, Гарначо изрази фрустрација што влегол на теренот дури во 71-та минута, наведувајќи дека ќе види што ќе се случи по летната пауза.

Неговиот брат Роберто исто така го критикуваше ставот на тренерот на Инстаграм, пишувајќи дека Алехандро бил фрлен под автобус, сугерирајќи дека шансата што не ја резлисирал во реваншот од полуфиналето против Атлетик Билбао е причината зошто Мејсон Маунт започнал на негово место против Тотенхем.

Во декември, Гарначо и Рашфорд беа изоставени од составот за дербито на Манчестер, но младиот Аргентинец подоцна ја врати довербата на менаџерот и се врати во почетниот состав.

Во јануари, „Атлетик“ објави дека клубот размислува за продажба на Гарначо и Коби Мејно за да ги исполни финансиските прописи.

Понудата од Наполи беше одбиена, а преодниот рок помина без трансфер. Сепак, испадот на Гарначо откако беше заменет против Ипсвич во февруари го натера Аморим да го казни. Гарначо во знак на каење мораше на целиот тим да му плати вечера.

Scroll to Top