Севилја град поделен меѓу навивачи на два клуба. Синоќа еден дел од градот тагуваше, другиот славеше. Бетис не успеа да го освои првиот европски трофеј во клупската историја. Зелено-белите загубија од Челси (1:4) во финалето во Конференциската лига.
Бетис против Члеси одигра извонредно прво полувреме, по кое стекна гол предност и припупти две големи шанси, на паузата меѓу двете полувремиња да замине со поголема разлика.
Во вториот дел зелено-белите потонаа, примија четири гола од 65. до 91.минута, Челси го освои трофејот и везе во историјата на УЕФА. „Сините“ сега имаат трофеј во сите натопреварувања организирани од УЕФА.
На клупата на Челси седи Енцо Мареска, пораншен игра на Севилја.
Мареска постигна два гола во првото финале на Купот на УЕФА што го освои Севилја, во мај 2006 година против Мидлсбро во Ајндховен.
„Честитки до нашиот поранешен играч Енцо Мареска за освојувањето на Конференциската лига“.
Но, на сите им е јасно дека не е само честитка до тренерот на Челзи, дека е малку повеќе од тоа. На „Рамон Санчез Пихуан“ се радуваа на неуспехот на нивниот градски ривал, а во Бетис решија да не останат должни.
На претседателот на Бетис, Анхел Аро, воопшто му се допадна кога му кажаа каква порака објавиле од редовите на градскиот рвал.
„Не сум ја видел објавата, но тие во моментов водат уште една „војна“, за која не сум заинтересиран. Ние сме фокусирани на раст, на тоа да се снајдеме добро следната година, а тие се во многу поинаква позиција“, рече Анхел Аро во емисијата „Партидасо де Копа“ и дополни.
„И честитам на Севилја што избори опстанок во лигата оваа година.“