Top Sport

Сабаленка ја отвори душата: Многу тренери говореа дека сум глупава, дека нема да успеам

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, по убедливата победа против Олга Даниловиќ со 6:2, 6:3, отворено проговори за п предизвиците со кои се соочувала на патот до првото место на ВТА листата.

„Слушнав многу тренери како велат дека сум глупава и дека никогаш нема да успеам. Само се смеев и си помислив, ќе видиме. Сега сакам да им испратам кратка порака. Тие ништо не разбираат и подобро е да ја напуштат оваа работа за да спасат други играчи“, рече Белорусинката на прес-конференцијата по мечот со Даниловиќ.

На прашањето дали тие критики се тактика за дополнителна мотивација, Сабаленка даде краток и јасен одговор:

„Не ми требаше дополнителна мотивација. Секогаш бев многу мотивирана.“

Сабаленка досега во кариерата освои три Гренд слем титули, две во Мелбурн и една во Њујорк. Најзина противничка е Аманда Анисимова (16. на ВТА листата) со која има негативен скор (1:2). Неодамна во Доха, Анисимова ја победи Сабаленка.

Scroll to Top