Кевин Де Брујнe го договорил трансферот во Наполи, објавија италијанските медиуми.
За доаѓањето на искусениот белгиски фудбалер на југот на Италија се шпекулираше со денови, а сега очигледно е постигнат договор.
Тренерот Антонио Конте го сакаше Де Брујне од самиот почеток, но бидејќи не беше јасно дали тренерот ќе остане, неговиот трансфер беше доведен во прашање.
Сега кога раководството на клубот му вети на Конте дека ќе му ги донесе сите играчи што ги сака, тој одлучи да остане и да започне со изградба на нов тим.
Кевин Де Брујне ги помина последните 10 години во Манчестер сити, каде што стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, а бидејќи неговиот договор истече на крајот од сезоната, се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата.
Многу брзо почнаа да го поврзуваат со Наполи, а според италијанските медиуми, тој ќе пристигне на лекарски преглед во понеделник, по што ќе го потпише договорот.