Top Sport

(Видео) Навивачи на ПСЖ и Интер се тепаа во метрото во Минхен

Жестока увертира имаше вечерашното финале во Лигата на шампионите. Во метрото во Минхен се тепаа навивачите на интер и ПСЖ.

„Лекип“ пишува дека навивачите на ПСЖ биле нападнати во метрото во Минхен. Француските медиуми известуваат дека „навивачи во дресови на италијанскиот клуб, опишани како навивачи со сечила, одеднаш влегле во метрото пред да ги нападнат навивачите на ПСЖ“.

Еден навивач на ПСЖ бил повреден пред полицијата да ја растера толпата со солзавец.

„Имаше физичка пресметка во метрото за време на која беше употребен солзавец. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата во Минхен.

Видео од тепачката меѓу навивачите од возот се споделува и на социјалните мрежи, но не е познато дали станува збор за истиот случај за кој пишуваше „Лекип“.

„Билд“ го сподели претходно споменатото видео, кое можете да го видите подолу.

Новинарот на „Билд“, Карл Кеим, исто така, објави дека навивачите на Интер фрлале камења врз навивачите на ПСЖ на станицата „Фротманин“г, каде што се случила поголема тепачка. Полицијата интервенирала, а ултрасите биле насочени кон стадионот во Минхен.

Scroll to Top