Top Sport

Челси се откажува од 14 фудбалери, на нивните трансфери се потрошени 500 милиони евра

Чистка се подготвува во фудбалскиот клуб Челзи. Британските медиуми пишуваат дека во летниот преоден рок 14 фудбалери би можеле да го напуштат клубот. Некои од нив ќе бидат продадени, а некои ќе бидат испратени на позајмица.

Сите позајмени играчи, кои сега се враќаат на „Бриџ“, нема да имаат место во тимот ниту во новата сезона, имено: голманот Ѓорѓе Петровиќ, Жоао Феликс, Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Кирни Чуквемека, Лесли Угочукву и Рахим Стерлинг.

Ниту еден клуб каде што овие фудбалери беа на позајмици минатата сезона не изразил желба да ги откупи нивните договори.

Меѓу оние кои би можеле да бидат ставени на продажба се: Кристофер Енкунку, Нони Мадуеке, Роберт Санчез, Весли Фофана, Трево Чалоба и Дјусбери-Хол.

Менаџерот Енцо Мареска верува дека многу од нив не го покажале потребното ниво, но од нивните трансфери клубот би може да ја наполни касата за нови засилувања.

За да биде уште полошо за Челзи, некои од овие играчи биле платени над 50 милиони евра. Фофана е платен дури 80 милиони евра, Енкунку 60, Стерлинг 56, Феликс 52, Дисаси 45, Мадуеке 35, додека голманите Роберто Санчез и Ѓорѓе Петровиќ заедно чинеле речиси 40 милиони евра (23+16). Треба да се да се спомене и Михајло Мудрик, за кого Челзи плати 75 милиони, а сигурно дека во тимот нема место и за него.

Сè на сè, Челзи се откажува од играчи за кои потрошил вкупно 500 милиони евра во последните три години.

Scroll to Top