Лука Модриќ ја заврши мисијата во Реал Мадрид. нејасно е каде ќе ја продолжи кариерата. Тој сака да игра за да остане во форма пред Мундијалот во 2026 година.
Интересна информација, поврзана со Модриќ, лансираа италијанските медиуми. Според нив, фудбалскиот клуб Милан е заинтересиран за 39-годишниот фудбалер.
Спортскиот директор на „росонерите“, Игли Таре, го контактирал Модриќ, за чии услуги се заинтересирани Интер Мајами и Ал Наср.
Модриќ помина 13 години со „кралскиот“ клуб и стана рекордер по бројот на трофеи.
Инаку, од моментот кога беше објавено дека Модриќ ќе го напушти Реал, најконкретен интерес од европските клубови, покажа Рајо Ваљекано, што би му овозможило на Модриќ да остане во главниот град на Шпанија.
Претседателот на Рајо, Мартин Преса, јавно ја потврди желбата на клубот да го доведе Модриќ, истакнувајќи дека претходно привлекле големи ѕвезди кои сакаат да живеат во Мадрид, како што е Радамел Фалкао. Сепак, тој јасно стави до знаење дека Рајо не може на фудбалерот да му понуди финансиски услови какви што имашал во Реал.