Top Sport

Аматерски клуб ја наполни касата од трансферот на Келехер

Куивин Келехер од Ливерпул се пресели во Брентфорд. Од трансферот, за многумина најдобрата резерва во Премиер лигата, Ливерпул доби 12.500.000 фунти, што е околу 15 милиони евра.

ДОбрата соработка на релација Ливерпул-Брентфорд беше клуч за трансферот, бидејќи за Келехер сериозен интерес покажаа Лидс и Вест Хем.

Келехер ги мина младинските категории на Ливерпул, за првиот тим одигра 67 натпревари.

Пред да пристигне во академијата на Ливерпул, голманот беше член на клуб од Република Ирска. Роден во Корк, тој играше за Рингмахон Ренџерс, клуб тотално непознат дури и во Ирска.

Уште во 2015 година, било договорено Рингмахон да добие 20 отсто од следната продажба. Клубот пд Ирска доби три милиони евра.

Ова е сериозна сума за аматерскиот клуб од Корк, најголема во историјата, а сумата ќе биде инвестирана во инфраструктурни проекти.

Scroll to Top