Top Sport

Модриќ ги потпише договор со Милан

Лука Модриќ (39) е блиску до трансфер во Милан. Фудбалскиот инсајдер Џанлука Ди Марцио објави дека хрватскиот играч од средниот ред би можел да го заврши трансферот во италијанскиот гигант попладнево, а „Газета дело Спорт“ ги објавува деталите од договорот.

Според информациите од италијанските медиуми, Модриќ би можел да има годишна плата помеѓу 3 и 3,5 милиони евра. Се очекува да потпише едногодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

„Газета дело спорт“ ги објавува деталите за големата зделка:

„Милан не се откажува затоа што Модриќ не е само врвен играч, туку веднаш би станал лидер на теренот и во соблекувалната. Фудбалер со импресивно резиме, кој ужива почит низ целиот свет поради својата класа, професионализам и карактер.

Модриќ моментално е во Риека, градот каде што хрватската репрезентација се подготвува за натпреварите против Гибралтар и Чешка. Тој ќе биде на теренот во петок и понеделник, но помеѓу тренинзите ќе размислува за својата иднина. Она што е сигурно е дека парите не му се приоритет. Тој сака да игра уште една сезона и бара предизвик што ќе го возбуди. Милан засега изгледа како идеална дестинација“, пишува „Газета дело Спорт“.

Scroll to Top