Српскиот шампион, Црвена звезда е во борба за ангажирање на капитенот на младинскиот тим на Барселона, Уго Алба, а според некои најави од Шпанија, реализацијата е уште блиску.
Алба нема останува во Барселона поради силната конкуренција во првиот тим, а меѓу клубовите заинтересирани за него е и шампионот на Србија. Пристигнувањето на „Маракана“ би било вистинска сензација, бидејќи се очекува тој сепак да остане во Шпанија и таму да започне да ја гради кариерата.
Младиот Шпанец играше против Црвена звезда во Белград на 6. ноември, кога беше стрелец во победата од 2:1, во младинската Лига на шампиони. Подоцна младинците на Барселона ја освоија титулата во ова натпреварување со победата од 4:1 над Трабзон.
Шпански „Спорт“ уште во март напиша дека Барселона ризикува да изгуби неколку талентирани играчи од младинските редови, а Алба би можел да биде еден од нив.
Алба има 19 години, сè уште не играл за првиот тим на Барселона и веројантно нема да заигра, бидејќи конкуренцијата е голема и покрај тоа што во актуелниот сениорски тим има 12 играчи од школата, позната како Ла Масија.