Фудбалскиот клуб Арсенал објави дека Жоржињо и Киран Тирни ќе го напуштат клубот на 30. јуни по истекот на нивните договори, додека Рахим Стерлинг ќе се врати во Челзи по едногодишна позајмица.
Како што е наведено на веб-страницата на клубот, покрај Жоржињо, Тирни и Стерлинг, голманот Нето нема да биде во клубот следната сезона, тој се враќа во Бормнут.
„Им се заблагодаруваме на сите играчи кои нè напуштаат, за нивниот придонес во клубот. Секогаш ќе бидете дел од семејството на Арсенал и ви посакуваме се најдобро, здравје и среќа во иднина“, објави веб-страницата на клубот.
Жоржињо се враќа во Бразил, веќе има договор со Фламенго, а Тирни ќе се врати во Селтик.
Стерлинг не постигна ниту еден гол за Арсенал оваа сезона, додека Нето одигра еден натпревар во сите натпреварувања.
Арсенал ја заврши сезоната на второто место на табелата во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето од Пари Сен Жермен.