Top Sport

Саки: Бизарно е што Модриќ заврши во Милан

Еден од најголемите тренери на сите времиња, Ариго Саки, го коментираше и критикуваше најавеното доаѓање на Лука Модриќ во Милан.

Хрватот го напушта „Сантијаго Бернабеу“ по 13 години како играч со најмногу трофеи во историјата на најголемиот клуб во светот.

Се шпекулираше за разни дестинации каде што 39-годишниот играч од средниот ред би можел да ја продолжи кариерата (Саудиска Арабија или САД), но тој неочекувано се реши за италијанскиот великан.

Добар дел од јавноста е збунет, дел е среќен, но не и Саки, кој се смета за фудбалски револуционер.

Во втората половина на 80-тите, тој го врати Милан на патеките на славата, освојувајќи едно Скудето и два Купа на шампиони и еден Интерконтинентален куп, по што ја водеше Италија до финалето на Светското првенство во 1994 година како тренер.

Легендарниот статус на Саки не е создаден благодарение на трофеите, туку повеќе на неговиот револуционерен пристап, ја воведе верзијата на Јохан Кројф за „тотален фудбал“ во ригидно дефанзивниот италијански фудбал.

Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ под наслов „Милан, внимавајте со Модриќ. Тој има 40 години и најмногу што може да направи е да биде играч кој доаѓа од клупата“ ја носи статијата на Саки за Хрватот.

„Хрватот не смее да биде играч кој се третира како екстра класа. Се надевам дека овој трансфер бил одобрен од новиот тренер Макс Алегри. Клучното прашање за Милан е следново: Дали Росонерите се во право што се фокусираат на Модриќ? Играч кој се приближува кон 40-та година од животот и кој во последните две сезони не беше стандарден играч во првиот тим на Реал. Овој избор е бизарен бидејќи клубот треба да се фокусира на млади играчи. Миланј мора да изгради тим со обврска да ја врати самодовербата и ентузијазмот на навивачите по разочарувањето од последните сезони“, пишува Саки.

„Се обидов да ја анализирам ситуацијата за да се ставам во позиција на тренер на Милан и се обидов да ги разберам причините за изборот на Модриќ. Економскиот аспект е јасен: Модриќ доаѓа без надомест со плата од околу 3,5 милиони евра годишно. Во таа смисла, ова е добра зделка за Милан. Освен тоа, помладите играчи заработуваат многу повеќе и немаат технички квалитети како Модриќ. Но, Модриќ има 40 години и на таа возраст најмногу што може да обезбеди е да игра повремено.“

Се очекува Модриќ да потпише договор со Милан на почетокот на следната недела, по репрезентативниот прозорец во кој Хрватска игра квалификации за Светското првенство во 2026 година против Гибралтар и Чешка.

Scroll to Top