Top Sport

Кин го напушти тренинг-центарот на Италија

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Мојзе Кин, нема да игра за Италија во квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Норвешка и Молдавија поради повреда на вратот, објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC).

Кин го напушти тренинг центарот на „Аѕурите“ и нема да му биде достапен на тренерот Лучијано Спалети за првите два квалификациски натпревари.

Италија штотуку ги започнува своите квалификации за Светското првенство, откако стигна до четвртфиналето на Лигата на нации во март, каде што во два драматични натпревари доживеа елиминација од Германија.

Четирикратните светски шампиони ќе ги отворат своите квалификации на 6 јуни против Норвешка во Осло, а потоа ќе ја пречекаат Молдавија во Реџо Емилија три дена подоцна.

Група И ги вклучува и Естонија и Израел. Победникот на групата ќе се квалификува директно за Светското првенство, додека второпласираниот ќе игра плејоф.

Scroll to Top