Top Sport

Синер: Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, со голема почит кон Новак Ѓоковиќ зборуваше по победата со која се обезбеди финалето на Ролан Гарос.

Тенисерот број еден во светот беше подобар од српскиот ас со 3:0, по сетови 6:4, 7:5, 7:6.

„Беше посебен натпревар за мене да играм во полуфиналето на Ролан Гарос против Новак, неверојатно е. Играв најдобар тенис, затоа сум среќен. Тој е вистинска инспирација за сите нас, за сите млади играчи и му посакувам се најдобро до крајот на сезоната. Сите сме почестени што сè уште можеме да го гледаме во тенисот“, рече Синер.

Италијанецот потоа подвлече – Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата.

„Многу е тешко, тој направил толку многу работи, тој е најдобриот тенисер во историјата, неверојатно е… Секако, се обидов да не размислувам за тоа. Излегов на теренот, знаев кој е од другата страна, се обидов да играм најдобро што можев, да се подготвам за ваква ситуација, знаев дека ќе биде тешко“.

Scroll to Top