Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.