Мајк Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на Евролигата, бара опции да го напушти Монако.
Американецот сака да го напушти Кнежевството, иако има важечки договор до 2027 година. Тој се реши на ваков чекор откако клубот го суспендираше на неопределено време пред полуфиналето од плејофот во француското првенство.
Како дел од казната, му е забрането да биде дел од какви било тимски активности.
Џејмс не се согласува со оваа одлука, а во целиот случај се вклучи и Здружението на играчи од Евролигата, кое сака да ги дознае сите детали.
Претходно беше објавено дека причината за суспензијата е инцидент во ресторан, кога полицијата морала да интервенира, а во кој бил вмешан Џејмс. Американецот, од друга страна, тврди дека нема вина од негова страна.