Српскиот репрезентативец Никола Милутинов брзо ја заврши сагата каде ќе ја продолжи кариерата.
Олимпија од Милано испрати конкретна понуда, а Панатинаикос финансиски најдобра. Сепак, тој одлучи да остане во Олимпијакос.
Клубот од Пиреја официјално објави дека потпишал нов тригодишен договор со српскиот центар, кој ќе трае до летото 2028 година.
Со оваа информација заврши „сапуницата“, која ја создаде Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, со понудата од дури девет милиони евра за следните три сезони.
Милутинов, и покрај тоа, одлучи да остане во црвено-белиот дрес за помала, но сепак огромна сума пари. Според извештаите, тој добил седум милиони евра за договор 2+1, односно околу 2,33 милиони евра по сезона.
Србинот беше еден од клучните играчи во финалната серија од плејофот на грчкото првенство, во која Олимпијакос го победи ПАО со вкупен резултат 3:1.
Тој имаше просек од 14 поени, 7,5 скока, две асистенции и индекс на корисност од 24.
Во Евролигата, тој имаше просек од 8,2 поени, 5,8 скока и 0,7 блокади во 29 натпревари.