Top Sport

(Видео) Навивачите на Фламенго се судрија со полицијта во Рио де Жанеиро

Навивачите на Фламенго предизвикаа големи инциденти пред зградата на аеродромот во Рио де Жанеиро за да го испратат својот тим на Светското клупско првенство во САД.

Голем број навивачи на „рубро-негро“, (околу 3.000), се собраа пред аеродромската зграда за да го испратат тимот на Фелипе Луис во САД.

Сепак, карневалската атмосфера се претвори во немири и сцени на насилство и хаос од причини кои на почетокот не беа најјасни.

Навивачите се судрија жестоко со полицијата.

Вистинска мала војна се развила во областа пред зградата на аеродромот.

Бразилските медиуми пишуваат дека полицијата била принудена да преземе екстремни мерки за да ги спречи хулиганите во нивното лудило, активирала шок бомби, користела бибер спреј, а органите на редот биле приморани да употребат и гумени куршуми.

Брзо стана јасно од каде доаѓа големата нервоза кај навивачите на најпопуларниот бразилски клуб, поради што подршката се претвори во протест, а протестот во насилство.

Имено, навивачите на Фламенго се лути на фудбалерот на тимот Гершон кој се согласи на трансфер во Русија, во тимот Зенит. Од нивна гледна точка тој се продал и со тој чин си ја залепи етикетата на „предавник“.

Ништо ново во светот на фудбалот, иако Бразилците ги сфаќаат ваквите работи доста лично и нивните реакции не се баш во согласност со цивилизациските норми.

Фламенго ќе игра против Есперанс од Тунис, Челзи и Лос Анџелес во групата на Светското клупско првенство.

Scroll to Top