Top Sport

Хамилтон: Не измислувајте приказни дека ќе се пензионирам

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не планира да се пензионира и дека очекува да остане во Формула 1 уште неколку години.

Седумкратниот светски шампион го освои шестото место на претходната трка во Шпанија, со што го продолжи лошиот старт во италијанскиот тим.

На барање на тимот, мораше да го пропушти клупскиот колега Шарл Леклер, а Нико Хулкенберг успеа да го престигне во последните кругови. Тој моментално има 23 поени помалку од Леклер во генералниот пласман, а дури 115 помалку од лидерот Оскар Пјастри.

Сепак, 40-годишниот Хамилтон рече дека неговата приказна во Ферари штотуку започнала и дека нема планови да се пензионира наскоро.

„Не се сомневам дека ќе продолжам да се натпреварувам во наредните години, поради што би ги замолил медиумите да не измислуваат приказни за моето пензионирање. Јас штотуку ја започнав мојата приказна тука и ќе имам уште многу трки со овој тим“, рече Хамилтон.

Викендов шампионатот во Формула 1 продолжува со Голамата награда на Канада. Вечерва од 22 часот на програмата се квалификациите, а трката се вози в недела од 20 часот.

Scroll to Top