Поранешниот играч на Реал Мадрид, Иван Елгера, упати сериозни обвинувања против Предраг Мијатовиќ.
Шпанскиот фудбалер ја отвори душата во подкаст, каде што зборуваше за сите тешки моменти во дресот на Реал Мадрид, со кој освои две Лиги на шампиони. Животот му го загорчил Предраг Мијатовиќ, кој во тој период беше спортски директор на Реал.
„Управата, особено претседателот, и еден поранешен играч од кого не го очекував тоа, кој тогаш беше спортски директор, Мијатовиќ, ми го одзедоа бројот и ми рекоа дека повеќе нема да играм. Ми го направија животот неподнослив. Навистина не знам зошто. Ми рекоа дека нема да играм и дека сакаат да ме продадат. Имав тригодишен договор, не разбирав, бидејќи штотуку ја освоив лигата и играв“, рече Елгера, кој потоа продолжи:
„Емоционално, бев уништен. Главата ми зборуваше, дека ме уништуваат и дека ми го уништуваат животот. Претседателот дури и не ме поздравуваше, а јас играв.“
Во тие моменти, Елгера доби поддршка од тогашниот тренер Иван Елгера, но поради големиот притисок што го трпеше од други луѓе, мораше да се пресели во редовите на Валенсија.
„Тие луѓе ми велат дека не можат ниту да ме стават на тренинг. Следната година, Мијатовиќ ми рече дека повторно ми го одземаат бројот и дека повторно ќе ми го направат животот неподнослив. И тогаш се појави Валенсија. Всушност, дури и не одев на состаноците бидејќи тензијата можеше да биде преголема.“