Top Sport

Мемфис и Орландо ја шокираа НБА

Мемфис Гризлис и Орландо Меџик, го шокираа светот на кошарката, откако договорија размена каква што никој не можеше да очекува.

Мемфис Гризлис го испратија Дезмонд Бејн во Орландо Меџик, во спротивна насока заминаа, Кол Ентони и Кентавиус Колдвел-Поуп, како и четири избори од првата рунда.

Зошто Мемфис Гризлис го направија ова?

Тимот што неодамна изгради јадро од млади играчи се согласи да се откаже од својот водечки стрелец Дезмонд Бејн и успеа да добие солиден пакет за него.

Кол Ентони, синот на Грег Ентони, може донекаде да го замени Бејн, а како дополнување, пристигнува КЦП, играш со шампионски титули со Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Изборите од првата рунда сигурно ќе играат голема улога бидејќи потенцијално би можеле да добијат нова ѕвезда.

Орландо, од друга страна, дополнително го засили својот состав, кој веќе се стреми кон највисоките цели со Франц Вагнер и Паоло Банкеро.

Scroll to Top