Победата на Џорџ Расел, првиот подум за 18-годишниот Андреа Кими Антонели и сударот на болидит на Мекларен ја обележаа трката за Големата награда на Канада.
Ландо Норис не ја заврши трката во Монтреал, откако се удри во тимскиот колега Оскар Пјастри во 66.круг.
Тој го оштети автомобилот, а Пјастри ја продолжи трката и го освои четвртото место. Норис сега е 22 бода зад Пјастри на второто место во шампионатот.
„Не очекував да го пресминам Оскар од надворешната страна во првата кривина. Едноставно не требаше да се обидам. Мислев дека почна малку да свртува десно, па мислев дека имам мала шанса да свртам лево. Но, беше преголем ризик, особено за мојот колега. Среќен сум што ништо не му се случи. Ја платив цената за мојата грешка“, рече Норис.
Мекларен им дозволува на своите возачи да се борат еден против друг, а двајцата се претенденти за шампионатот, заедно со Макс Ферстапен од Ред Бул, кој заврши втор во Монтреал зад Џорџ Расел од Мерцедес.
Пјастри е прв со 198 поени, Норис има 176, а Верстапен 155 поени.
„Нашето прво правило е да нема контакт со тимскиот колега, а јас го наоравив токму тоа. Мекларен е моето семејство. Се тркам за нив, секој викенд. Па кога ќе ги разочарам вака и ќе направам будала од себе, како сега, многу се каам“, рече Норис.
Ландо веднаш по завршувањето на трката му се извини на Пјастри (додека Австралиецот даваше изјава), ја прифати и на тој начин на некој начин ја зачува добрата атмосфера во тимот.
Full footage of the battle between Lando Norris and Oscar Piastri that ended in a crash!#F1 #Formula1 #CanadianGPpic.twitter.com/VI37PJQjg4
— Extreme Cars (@extremecars__) June 15, 2025