Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, повреден се вратил во клубот, по двата настапи што ги имаше деновиве за репрезентацијата на Аргентина.
Дибала, синоќа играше за Аргетнина во Саудиска Арабија, на контролниот натпревар со Баразил (0:1), а поради повреда мечот го заврши во 57.минута. Дибала се пожалил на повреда на коленото.
Според италијанските медиуми, повредата не е сериозна, а клубот откако ќе му бидат извршени дополнителни прегледи ќе објави дали фудбалерот одредено време ќе биде надвор од тимот.
Јувентус овој викенд, во Серија А, ќе игра пртив Џенова, а потоа го очекува еден од двата дуели со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите