Top Sport

(Видео) Најлудиот меч на клупскиот Мундијал, четири гола и три црвени картони

Дуелот помеѓу Бока Јуниорс и Бенфика на Светското клупско првенство заврши без победник, 2:2 откако португалскиот тим надополни негатива од два гола. Натпреварот го обележаа нападот врз судијата и три црвени картони.

Во судиското продолжение во првото полувреме, судијата Сезар Артуро Рамос Палазуенос, доби повик од ВАР собата да погледне спорна ситуација пред голот на Бока и да провери дали има елементи за пенал за Бенфика.

Во тој момент, тој беше нападнат од Андер Ерера. Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед, претходно беше заменет поради повреда. Редарите мораа да реагираат за да спречат физичка пресметка.

Ерера беше исклучен, Бенфика доби пенал, а Анхел Ди Марија го намали резултатот на 2:1.

Во 70-та минута, Бенфика остана со играч помалку бидејќи Андреа Белоти доби директен црвен картон. Копачката на Италијанецот заврши во главата на играчот на Бока, Коста.

Во 88.минута црвен картон, проади груб старт доби и фудбалерот на Бока јуниорс Фигал.

Scroll to Top