Top Sport

(Видео) Серхио Рамос му го расипа дебито на Киву на клупата на Интер

Монтереј и Интер одиграа нерешено (1:1) во првото коло од Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, а дуелот од Групата Е (во која се и Ривер Плата и Урава) се одигра на култниот стадиониконскиот „Роуз Боул“ во Пасадена.

Популарните „Рахадос“ поведоа во 25-та минута со голот на поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на 39-годишниот стопер му асистираше поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Севилја, Оливер Торес.

Рамос стана најстариот стрелец во историјата на Светското првенство за клубови, кое од ова лето се игра во сосема нов формат, а пред него најстари стрелци беа Хавиер Занети, Николас Отаменди и Анхел Ди Марија на 37 години.

Капитенот Лаутаро Мартинез се погрижи дебито на Романецот Кристијан Киву, поранешниот дефанзивец на „неразурите“ кој го замени Симоне Инзаги, новиот тренер на Ал Хилал, да не биде целосен дебакл.

Аргентинецот го искористи вештото додавање на Бразилецот Карлос Аугусто во 42-та минута.

И покрај тектонските промени во тренерскиот штаб на италијанскиот великан, впечатокот е дека Интер сè уште не го надминал крајот на незаборавната сезона во која, по трилерот, останаа без титулата во Италија, а во финалето на Лигата на шампионите во Минхен, претрпеа рекорден пораз од Пари Сен Жермен.

Интер следниот натпревар ќе го игра во сабота навечер против Урава, додека Монтереј ќе се соочи со Ривер во недела наутро.

Scroll to Top