Фудбалскиот клуб Барселона се уште не го објавува трансферот на голманот Џоан Гарсија од Еспањол. Барселона реши да ја плати откупната клаузула за голманот (25 милиони евра), но кога ќе објави дека трансферот е официјализиран ќе следи потешкиот дел, регистрација на фудбалерот.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги предупредува Каталонците дека треба добро да размислат како ќе го регистрираат Гарсија.
Во текот на минатата сезона, Барселона имаше огромни проблеми со на финансиските услови за да регистрира играчи. По се изгледа финансиската ситуација во клубот не е сменета, поради што Каталонците добија предупредување од Хавиер Тебас.
„Едно е да се плати откупната клаузула за Џоан Гарсија. Сосема друго е тој да биде регистриран. Барселона сè уште не е дел од тој договор 1:1“, рече Тебас на една конференција во Мадрид.
„Тие го објавија плаќањето на клаузулата, но не знам дали е извршена уплатата. Покрај тоа, периодот на трансфери и регистрација сè уште не е официјално започнат. Во овој момент не можат да доведат никого“, додаде тој и испрати порака до челниците на Барселона:
„Тие мора да направат некои работи, не многу, но тие многу добро знаат што треба да направат. Не е мое да кажам.“