Резервниот возач на Вилијамс, Роберт Кубица останува со желбата да обезбеди враќање во Формула 1 следната сезона, откако организираше состанок со неговите полски спонзори „ПКН Орлен“ за да ги разгледа опциите.
Кубица минатата година се врати на Ф1 тестирањето со Рено и Вилијамс, првпат по страшниот рели судар во 2011 година во кој ја повреди раката, но успеа да добие само место како трет возач во Вилијамс, кои се решија за финансиски „поиздржаните“ Ленс Строл и Сергеј Сироткин.
„ПКН Орлен“, најголемата нафтна рафинерија во Полска, преку соопштение ги објасни шпекулациите околу Кубица.
„Во врска со приказните околу вклученоста на нашата компанија со Роберт Кубица, сакаме да објавиме дека засега е рано да се потврдува и да се објавуваат детали. Имаше состанок на возачот со извршниот директор Даниел Обајтек“, се вели во соопштението на „ПКН Орлен“.
Лани, Кубица успеа да собере 10 милиони долари за местото, што беше пет милиони помалку од сумата која тимот ја доби од Сироткин. Вилијамс веќе потврдија дека младиот Ф2 возач, Џорџ Расел ќе биде нивниот прв возач, додека Строл речиси сигурно ќе отиде во Форс Индија, тим кој го купи неговиот татко, милијардерот Лоренс Строл.
Фото: ЕПА