Top Sport

Ништо од бизнисот! Сопственикот на Фулам се откажа од „Вембли“

Сопственикот на премиерлигашот Фулам, Шахид Кан сензационално ја повлече својата понуда од фантастични 600 милиони фунти за откуп на легендарниот стадион „Вембли“, објаснувајќи дека неговата понуда „направила многу поделби“.

Кан смета дека нема да ја добие целосната поддршка на советот на Фудбалската асоцијација (ФА) следната недела, која требаше да ја потврди продажбата, велејќи дека ќе се врати „подоцна“ кога организацијата ќе има единствен став. Ова го потврди и извршниот директор на ФА, Мартин Глен.

„Шахид Кан не информираше дека ја повлекува понудата за купување на стадионот и ја почитуваме таа одлука. Тој сметаше дека со неговата понуда ќе се помогне на фудбалот во Англија, но подоцна сфати дека има многу поделби и реши да ја повлече понудата“, изјави Глен.

Кан, кој има проценето богатство од 5.2 милијарди фунти и е сопственик на НФЛ клубот, Џексонвил јагуарс е американски државјанин роден во Пакистан и направи богатство со компанијата за производство на браници за автомобили „Флекс-ен-гејт“ во САД.

ФА го изгради Вембли за сума од 757 милиони фунти, но засега останува неисплатен долг од 142 милиони фунти.

Scroll to Top