Top Sport

Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.

Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.

Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.

Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.

Scroll to Top