На албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, му пропадна трансферот од Рубин Казањ во Зенит.
Руските медиуми наведуваат причина за ова се националистичките испади и тетоважите што ги има се посветени на водачот на ОВК.. Фудбалерот роден во Гњилане на Косово и Метохија, на грбот има тетоважа со ликот на Агим Рамадани – Катана, еден од водачите на ОВК.
Даку на пошироката јавност и стана познат на Европското првенство, кога по нерешениот резултат на натпреварот Албанија-Хрватска (2:2), зеде мегафон и пред трибината на која беа навивачите на Албанија викаше „п.ч.а им матер на Србите и Македоннците“.
Ден по натпреварот се извини, но УЕФА го суспендира на два натпревари, а казна доби и од неговиот клуб Рубин.
Бидејќи поранешните фудбалери на Црвена Звезда, Вања Дркушиќ и Страхиња Ераковиќ, играат за тимот на Зенит, раководството одлучи дека е подобро да не доведува играч од таков профил во своите редови бидејќи тоа би донело само проблеми, и покрај солидните бројки од минатата сезона (15 гола и 8 асистенции).
Тренерот на Зенит, Ринат Билјалетдинов, коментирајќи ја целата ситуација рекол дека клубот донел разумна одлука.
„Во Зенит има српска фудбалери: Дркушиќ, Мимовиќ, Здјелар… Можеби е разумна одлука на клубот да го откаже трансферот. Во одреден момент тоа би можело да има негативно влијание врз тимот и затоа трансферот пропадна. Друга работа е зошто Зенит воопшто размислувал за трансфер што би бил темпирана бомба за тимот“, изјави Бијалетдинов за руската „Газета“.
Даку имаше одлична сезона во дресот на Рубин, постигна 15 голови и забележа осум асистенции.