Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13-тата минута, но Бразилците доминираа во второто полувреме. Прво, Бруно Енрике израмни во 62-та минута, додека Данило постигна гол во 65-та минута за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Волас Јан во 83-та минута.
Работата на Фламенго му ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68-та минута. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра четири минути претходно, а неколку моменти подоцна го удри Лукас Аиртон со високо крената нога. Судијата веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи.
Mikel didn’t hold back 😳
“Jackson needs to have a look at himself.”
John Obi Mikel had plenty to say after that red card.Catch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every game. Free. | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/HHyiKK68ax
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 21, 2025
Џон Оби Микел (38), пензиониран нигериски играч од средниот ред кој играше за Челзи од 2006 до 2017 година, жестокот го критикуваше Џексон. Оби Микел работи како стручен коментатор за DAZN, кој го емитува Светското клупско првенство.
„Невидено. Глупава, глупава, глупава грешка. Не знам што му беше во главата. Влегуваш во натпреварот, губиш со 2:1, тимот има потреба од тебе. И го правиш тој потег. Не му е прв пат. Истото го направи и против Њукасл во многу важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите. Тогаш црвен, сега повторно. Не можеш постојано да ги правиш истите грешки.“
Кога водителката Кели Сомерс го праша дали Џексон можеби бил фрустриран што не играл од првата минута, Микел одговори: „Не ме интересира дали тоа го фрустрира. Ова е голем клуб, станува збор за конкуренција. Ако сте лути затоа што доаѓа Делап (нов играч на Челзи) кој ќе ви биде конкуренција, прифатете го тоа. Ако сте одличен играч, мора да знаете како да се борите за место. Тоа е единствениот начин да освоите трофеи.“